„Меланија почна да се сели“: Видеото од пред Белата куќа предизвика „хаос“ на социјалните мрежи

567

Победникот на претседателските избори во САД сè уште не е прогласен, а моментално сè уште трае и броењето на гласовите.

Меѓутоа, кандидатот на Демократите, Џо Бајден, вчера изјави дека е „јасно дека победува во клучните држави во Америка“, кои што се потребни за влегувањето во Белата куќа.

На снимакта која што се шири по социјалните мрежи се гледа нешто слично на камион за селење, кој што е паркиран пред Белата куќа, а истата предизвикала „хаос“ во Америка.

Корисниците на социјалната мрежа Твитер почнаа да тврдат дека Меланија Трамп веќе почнала да се сели.

Погледнете го видеото:

Иако досега никој не се огласил по овој повод, најверојатно станува збор за некаква шега.

Инаку, трката за претседател на САД продолжува и денеска. Трамп моментално е во благ пораз, но и двајцата кандидати имаат големи шанси.