Репрезентацијата на Казахстан долго парираше пред избраниците на Благоја Милевски, ама не издржа и во финишот на полувремето прими два гола за комфортна предност на Македонија во продолжението.
Течеше 38. минута кога Митровски го проигра Дарко Чурлинов, а фудбалерот на Штутгарт „нанижа“ двајца и од преку 25 метри со одличен удар го матираше голманот на противникот за 0-1.
- Одличниот погодок на Чурлинов:
Само неколку минути подоцна, Македонија поведе и поубедливо. Митровски изнуди пенал за нашата селекција, а Јани Атанасов иако во првиот обид не го совлада Сеисен, успеа да ја смести во мрежата одбиената топка.