Угинатиот кит со желудник полн со пластика е пронајден на плажа на италијанскиот остров Сицилија, објавија од „Гринпис“.
Седумгодишниот кит бил исфрлен од морето во петокот на плажата во близина на градот Чефалу на Сицилија. Станува збор за петти таков случај во Италија во последните пет месеци, изјави активистката на „Гринпис“, Џорџија Монти.
Последен пат морето го исфрли починатото тело на женка кит со новороденче на италијанскиот остров Сардинија – исто така во желудникот на китот биле пронајдени дури 22 килограми пластика.

„Морето ни испраќа повик за помош, очајнички СОС. Мораме веднаш нешто да превземеме и да ги спасиме тие прекрасни животни кои што живеат во морето“, изјави Монти за италијанските медиуми.
Најновата вест за угинатиот кит поради пластичниот отпад во океаните и морињата пристигнува само неколку дена во пресрет на едномесечната мисија во која активисти од проектот “The Blue Dream” ќе вршат надзор над загадувањето со пластика во централниот дел од Средоземното море.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












