Од 19.20ч поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
ЗAБРАНИ ЗА ТТВ: Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА ЗА ТТВ: Поради врнежи од снег на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, од 9:30 часот е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила.
ОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини. На целата територија на државата врне снег со променлив интензитет.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












