Пејачката Тамара Тодевска вчеравечер беше пречекана со овации на скопскиот аеродром од каде што веднаш се упати во 1тв каде што имаше отворено студио во нејзина чест и се дискутираше на тема Евровизија. Пејачката околу 12 часот и 30 минути влезе во студиото, а на врата беше пречекана од сопственикот на телевизијата кој и подари 10 илјади евра за да започне со интернационална кариера.
Инаку во рамки на отвореното студио Тамара најпрвин се заблагодари на цела македонска јавност за поддршката, а во еден момент откри и колку изнесувал нејзиниот буџет за Евровизија.
Луѓе, ние имавме се на се 100 илјади евра, од кои 34.000 дадовме за учество. Ни останаа околу 60 и нешто и со тие пари требаше да обезбедиме се. Ни беше многу тешко, откри Тамара која заврши на осмата позицијата на Евровизија.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















