Јеро: Напаѓајте ме мене, не фудбалерите

708

Фернандо Јеро ја презема одговорноста за елиминацијата на Шпаниј во осминафиналето на Светското фудбалско првенство. Тој рече дека нема да бара алиби во фактот дека непосредно пред почетокот на Мундијалот ја доби довербата да ја врши селекторската функција и порача да не се обвинуваат фудбалерите.

– Ја прифатив одговорноста да ја водам репрезентација пред самиот старт на Мундијалот и во целост ја преземам вината за елиминацијата. Не треба да бараме виновници и да покажуваме со прст кон играчите. Мора да сме реални и свесни за ситуацијата во која се најдовме, изјави Јеро.

Тој додаде дека не е загрижен за неговата иднина во репрезентацијата.

– Искрено не сум загрижен. Мислам дека сега тоа не е важно, вели Јеро.