Руски блогер одлучи да гладува 40 дена: Чувствуваше дека умира, но не се откажа

507

39-годишниот руски блогер Виталиј Виграновски почина после 40 дена гладување, пренесува руски „НТВ“.

Виграновски на својот Јутјуб канал најави дека ќе се обиде да издржи 40 дена без храна. Тој го започна својот експеримент во март во Москва, а после десетина дена призна дека се чувствува лошо и го нервира „атмосферата на градот“.

Поради тоа, тој отпатувал во Абхазија каде што продолжил со гладувањето. После дваесетина дена изјави дека чувствува „целосно чистење“, многу ослабел и нема многу сила за било каква физичка активност. Експериментот го продолжил и после 35-тиот ден и покрај фактот што „чувствувал дека умира“.

Неколку дена подоцна тој починал, а неговите пријатели соопштија дека блогерот починал пред самиот крај од гладувањето.