Украдени документите на родилката која ги лажела гинеколозите дека е докторка и дека немала контакт со заболени

546

Во Гинеколошко акушерската клиника било откриено дека некој влегол во медицинската документација и ја украл изјавата на родилката која не пријавила дека во семејството има заразено лице.

Полицијата сега ќе истражува кој од Клиниката ја украл изјавата од нејзиното досие.

Викторија Јовановска, директорка на Гинеколошко акушерската клиника за “Сакам да кажам” изјавила дека некој го украл само тој лист од досието.

“Изјавата е скината и тоа е видливо бидејќи е захефтана за приемниот лист на пациентката. Увид изврши и инспектор од здравствено-санитарниот инспекторат” рекла директорката Јовановска.

Родилката која е дипломирана на Медицински факултет сама се испишала од Гинекологија и отишла на породување со царски рез во приватната болница “Ремедика” исто без да пријави заболен од семејството. 4-ца лекари од приватната болница се во самоизолација.