Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев уште еднаш ја воодушеви Италија, Европа но и целиот фудбалски свет со феноменалниот погодок кој денеска го сервираше во дресот на Џенова.
Иако на крајот мораше да се соочи и со исклучување, сепак Пандев дефинитивно ќе го памети дуелот против Лече поради неверојатниот гол со лоб удар од 36 метри, како што пресметаа прецизните Италијанци. Вистинска мајсторија, прекрасно примена топка на гради и со волеј удар лобуван противничкиот голман.
„Гол на сезоната… Гол на годината. Ова е гол кој дефинитивно може да конкурира за наградата ‘Ференц Пушкаш’ на ФИФА, за најубав гол на годината“ – се дел од коментарите на италијанските медиуми, но и неутралните фудбалски вљубеници.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















