Шилегов: Јас сум успешен човек, не сум пијандура, пијам малку

2072

Не сум пијандира, не сум се напил алкохол воопшто или ако пијам тоа е многу малку. Јас сум успешен човек и имам заработено неколку милиони евра. Неоправдано ми се лепи етикета, а акцијата за ваучери е од хумани причини воведена.

Ова денеска на седницата на советнички прашања во Советот на Град Скопје го изјави градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на прашање од советничката Јелена Жугиќ, колку е задоволен од искористеноста на акцијата за ваучери за такси за алкохолизирани лица.

Тој рече дека со акцијата се сака да им се овозможи на лицата кои ќе направат онлајн резервација во одредени угостителски објекти да добијат такси ваучер од 100 денари.

Советничката Жугиќ кажа дека и покрај емотивното излагање на градоначалникот, јавноста не дозна колку е успешна акцијата.