Угостителите и денеска ќе излезат на протест – бараат дозвола за правење свадби

63

Угостителите и денеска ќе излезат на протест. Повторно ќе ја блокираат главната крстосница во Автокоманда, а во среда се селат пред Влада. Велат дека откако јавно ги изнесоа своте барања на протестот во петок, никој од Владата и Министерството за економија не ги исконтактирал. Ќе протестираат се додека не добијат дозвола за работа под истите протоколи што важат и  за останатите угостителски објекти.

Маката на угостителите ја делат и другите поврзани дејности. Ако нема свадби и други веселби нема работа и за нив.

Од Владата со истиот став. Протоколите ги носи Комисијата за заразни болести и нема што да додадат. Министерот Бектеши во петокот изјави дека угостителите добиле доволно помош од државата и не се согласува со ултиматумите што ги испратиле.

Протестот ќе трае од 15 до 17 часот.