Толку се соживеала со празничниот дух што нејзината средба со тотален странец насмеала повеќе од 45 милиони гледачи

703

Мери Кетрин Бексторм објавила видео на својот Фејсбук профил во кое ја раскажува својата празнична авантура која досега насмеала повеќе од 45 милиони гледачи.

Во видеото во кое ниту таа не можела да ја совлада смеата, раскажува како влегла во продавница додека ги чекала своите деца за да го потроши времето и да пренесе празнично расположение.

Мери забележала една жена како купува газиран пијалак и одлучила да ѝ го плати, а овој мал гест ја расположил и неа и непознатата жена. Кога се вратила до својот автомобил, забележала непознат маж како ѝ го чисти ветробранското стакло, што дополнително ја разнежнило. Поради тоа, таа го прегрнала човекот и му се заблагодарила на гестот, но потоа сфатила дека тоа не е нејзиниот автомобил и дека мажот едноставно си го чистел својот автомобил.

Мери од непријатност брзо побегнала во својот автомобил и заминала на друго паркинг место, на кое го снимила видеото во кое ја раскажува целата ситуација. Урнебесната приказна досега ја погледнале повеќе од 45 милиони луѓе.