Стилот на парижанките е еден од најпопуларните и е најдобар избор доколку сакате да копирате некого – тие едноставно тоа го знаат најдобро и иако преземањето на туѓ стил никогаш не е препорака, кога станува збор за Французинките, тоа сосема слободно можете да го направите.
Тие се вистински мајстори во комбинирање на стил и удобност, љубителки се на едноставност и елеганција, без комплицирање и токму затоа нивниот стил на облекување е број 1.
Еве кои парчиња ги носат наесен за секогаш да изгледаат шик и отмено.
Бретон блузи
Бретон маиците можеби ви делуваат како клише, но блузата со препознатлив дезен е доволно моќна за да може секоја комбинација да ја поткрене на повисоко ниво. Најдобро е да ја комбинирате со класични парчиња како панталони и едноставен мантил.
Тренч капут
Секоја парижанка има барем еден и обожуваат да го носат на почетокот на есента и за време на дождливите денови.
‘Цигарет’ панталони
Идеални се за сите прилики, од одење на работа до вечерно излегување и затоа на Французинките им се омилени, а притоа изгледаат скапо.
Мокасини
Удобен пар чевли, совршен за есенските денови кога времето повеќе не дозволува сандали, а сè уште не е толку ладно за да се носат чизми. Французинките не ги преферираат модните трендови – тие знаат дека еден пар квалитетни, кожни мокасини со едноставен изглед секогаш е полн погодок, бидејќи изгледаат елегантно, а може да се комбинираат со било кое парче облека.
Баретка
Ова симпатично капче е еден од синонимите за вистински француски шик. Никогаш не излегува од мода и е совршен детаљ кога саката да ви биде топло, а истовремено да изгледате модерно.
Класична кожна торба
Сезонските трендови доаѓаат и поминуваат, но Французинките буквално слепо се држат до класиката кога станува збор за торбите. Класичната црна или кафена кожна торба е еден од најосновните женски парчиња кое парижанките го вклопуваат со секоја можна комбинација.
Очила за сонце
Летото можеби е готово, но тоа не значи дека очилата за сонце треба да се одложат за напролет. Французинките ги носат бидејќи со вистински избор на моделот со нив секогаш изгледаат софистицирано, а притоа им помагаат да ги сокријат трагите од непроспиените или луди ноќи кои се позади нив.
Ролка
Нема поубава и попрактична модна класика од црна ролка! Лесно се комбинира со сè, од здолништа во весели бои до фармерки или класични панталони, а соодветни се за секоја прилика. Освен црна, пожелни се и други неутрални бои како бела, беж или светло розова боја.