Ким Кардашијан бесна поради тесниот фустан: „Ќе уринирам врз себе, па нека ме бришат и сушат сестрите“

52
NEW YORK, NY - MAY 07: Kim Kardashian attends the Heavenly Bodies: Fashion & The Catholic Imagination Costume Institute Gala at The Metropolitan Museum of Art on May 7, 2018 in New York City. (Photo by Neilson Barnard/Getty Images)

Ким Кардашијан Вест на овогодинешната Мет Гала носеше корсет поради кој не можела ниту да оди во тоалет, затоа што премногу ја стегал.

Во новата епизода на реалното шоу кое го следи животот на старлетата и нејзините сестри, таа открила низ какви маки поминува.

Ќе биде проблем ако морам да одам во тоалет. Минатата година имав метален фустан па ги раширив нозете кога одев во тоалет. Ако ми се оди во тоалет оваа година, мислам дека ќе уринирам врз себе, па нека ме избрише едната сестра и нека ме исуши. Воопшто не се шегувам“, искоментирала Ким во најавата за новата епизода од реалното шоу каде ќе бидат прикажани подготовките за овој настан.