Омилените во Македонија: Женската група „Фрајле“ доаѓа во Скопје

647

Веќе традиционално средите во единствениот музички бар кај нас се резервирани за уникатни музички патувања.

Овој пат, односно на 23 септември, во Intermezzo Music Bar доаѓаат девојките кои пеат песни од Тоше, имаат дует со Тијана, освоија награда на минатогодишниот Макфест – ако се уште не претпоставивте, станува збор за популарниот женски бенд од соседството – Фрајле.

 Се радуваме на дружбата со македонската публика. Од Македонија носиме преубави спомени и среќни сме што конечно после оваа долга, принудна пауза заедно ќе пееме и свириме убава музика, велат девојките со волшебни вокали.

Наташа Михајловиќ, Јелена Мирковиќ и Невена и Марија Буча всушност го сочинуваат составот – акустичен бенд кој постои повеќе од една деценија. Уникатни се по својот изглед, начинот на кој музицираат, но и по самото име кое всушност го означува војводинското поднебје од кое доаѓаат.

Освен веќе добро познатите хитови, како и омилените македонски песни девојките пред скопската публика премиерно ќе ја изведат и најновата композиција „Воли ме годинама“. Одлична летна песна (со потписот на една од Фрајлите – Марија Мирковиќ и Алка Вуица), проследена со романтично видео кое раскажува носталгична, хипнотизирачка приказна во која вреди да се загубиш.