Северина неодамна дозна дека е позитивна на коронавирус, а сега откри како се чувствува, како луѓето треба да се однесуваат кон заразените и испрати моќна порака.
„Добро сум, сите мои се добро, и семејството и пријатели со кои се гледав во текот на летото“ изјави Којиќ за „Слободна Далмација“.
Пејачката вели дека никој не е виновен што е заразен со вирус и на секој може да му се случи.
„Никој не знае дали ќе прележи вирус и никој не може да знае дали е имун на него. Да чуваме и да не осудуваме. Но, важно е оние кои се заразени да бидат одговорни и да не загрозуваат другите“ изјави Северина и апелираше до сите да внимаат како ќе се однесуваат кон заразените.
„ „Ги повикувам сите луѓе да не ги третираат заразените со корона како лепрозни, особено во помалите места, за што луѓето ми пишуваат, но да им помогнеме што е можно подобро. Телефонски разговор со некого и порака на мобилен понекогаш се доволни. Знам дека не можете да одите кај нив, но донесете им овошје пред врата или уште подобро топла супа од домати. Солидарноста е она што може да нè спаси и заштити”, заклучува Северина.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













