Студентка од Скопје се прекачува преку ограда кај мечките во ЗОО само за да снима видео за Тик Ток

707

На социјалната мрежа „ТикТок“се појави видео на кое се гледа како девојка прескокнувајќи ги оградите на живеалиштатa во Зоолошката градина во Скопје.

-За жал оваа девојка дошла во Зоо Скопје да ги мал третира животните и да си го ризикува сопствениот живот прескокнувајќи ги оградите. Секако ќе добие соодветна пријава, затоа што ваквото однесување е недозволено.

Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент. Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна!, стои во објавата на Фејсбук на Скопје ЗОО.