Србија дозволи извоз на брашно во Македонија

643

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција најави дека и покрај привремената Одлука на властите во Србија за забрана на извоз на основните прехранбени производи поради епидемијата на коронавирусот и воведената вонредна состојба, сепак ќе им се излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред се на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за извоз на брашно во тие држави.

Како што пишува „Телеграф“, српската Влада го дозволила извозот на брашно, што е потврдено и во „Службениот гласник“ на Србија.

– Од Одлуката за забрана е избришана ставката „брашно од пченица“, која се наоѓаше меѓу останатите 36 други ставки, наведува „Српски телеграф“.