Ибра со својот гест ја воодушеви Италија: Ако вирусот не дојде по Златан, Златан ќе дојде по вирусот! (ВИДЕО)

225

Златан Ибрахимовиќ лично е многу погоден од ситуацијата во Италија која стана европско и светско жариште на коронавирусот.

Ибра пред два ипол месеци се врати во Италија на 38 години и веднаш придонесе за подобра игра на „росонерите“. Во Италија Ибрахимовиќ настапуваше уште за Јувентус и Интер.

Сега преку Инстаграм Златан испрати емотивна порака:

„Италија секогаш ми давала многу и во овој момент јас сакам даи вратам на државата која ја сакам. Одлучив да започнам акција за собирање помош и медицинска опрема за болниците. Ситуацијата е сериозна, па повикувам и очекувам голема солидарност од сите кои ги познавам и кои не ги познавам пред се им се обраќам на моите пријатели професионални спортисти, нека помогнат колку што можат да го запреме овој вирус. Заедно можеме да им помогнеме на болниците, докторите и медицинските сестри кои секојдневно се борат за да спасуваат животи. И запаметете, ако вирусот не дојде по Златан, Златан ќе дојде по вирусот!“, гласеше пораката на Ибра.

Навистина гест за пофалба на Ибрахимовиќ.