Мурињо за Погба: Јас му ја дадов, јас му ја земам капитенската лента

827

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо повторно е во судир со Пол Погба, иако тоа јавно не го кажува. По синоќешната елиминација во Карабао купот од Дерби Каунти, Португалецот соопшти дека Погба веќе нема да биде капитен на тимот во отсуство на Валенсија.

– Личноста што го постави заменик капитен, е личноста која одлучи веќе тоа да не биде – таа личност сум јас. Тоа не значи дека имам било каков проблем со него. Како менаџер има право на донесување одлуки и да не ги објаснувам, рече Мурињо.

Се осврна и на елиминацијата во Лига купот од Дерби.

– Штом се дојде до пенали, тоа е веќе лотарија. Претходно требаше да го решиме натпреварот. Тука е проблемот, дополни предводникот на Јунајтед.

Манчестер загуби од Дерби на пенали, откако по 120 минути резултатот беше нерешен 2:2.