Комисијата донесе заклучок: Да му се одземе мандатот на Груевски

634

Со пет гласа „за“, односно мнозинство гласови, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието констатира дека ќе поднесе извештај до Собранието со заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на експремиерот, Никола Груевски.

Собранието ќе треба да го разгледа барањето на првата наредна пленарна седница.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни против одземање на мандатот на Никола Груевски и пратениците ја напуштија салата откако образложија дека се работи за политички прогон. На седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието, не се појави ниту експремиерот, Никола Груевски. Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд за пресудата од две години затворска казна поради случајот со „мерцедесот“.

За одземање на мандатот понатаму ќе биде потребно двотретинско мнозинство. На комисијата денеска се појавија осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени и го повторија ставот дека нема да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат.