Сочни плодови кои прават чудa за вашето тело: Ги закрепнуваат мускулите, го зајакнуваат имунитетот и помагаат при слабеење

735

Вишните се овошје кое настанало со вкрстување на слатки цреши со диви и кисели видови. Токму затоа вишните ги краси многу сличен изглед на црешите, но и киселкаст вкус.

Најсочните плодови можат да се консумираат во текот на летните месеци, а еве зошто треба почесто да ги јадете.

Вишната е богата со витамините А, Ц и Е, минерали како калиум, магнезиум и железо како и влакна. Консумацијата на ова бобинкасто овошје го зајакнува имунитетот, ја поттикнува дигестијата и ефикасно заситува, а содржи само 50-тина калории на 100 грама поради што им се препорачува на лицата кои држат диети.

Покрај се, вишните содржат бројни антиоксиданси како кверцетин и гална киселина која се одликува со моќни антивоспалителни својства. Тоа го потврдила и студија спроведена на Универзитетот за здравје и наука во Орегон, која била извршена на 54 маратонци.

Испитаниците биле поделени во две групи кои секојдневно пиеле две шишиња сок од вишни или плацебо во текот на седум дена пред големата трка. Иако и двете групи почувствувале болка по долгото трчање, таа во помала мера се манифестирала кај лицата кои пиеле сок од вишни.

Со цел да ја намалат болката во мускулите, маратонците и другите активни спортисти обично се ослонуваат на таблетите против болки, но едно истражување од 2013 година кое било објавено во списанието “Osteoarthritis and Cartilage” открило дека сокот од вишни ја намалил болката во зглобовите кај 58 отсто од пациентите кои боледуваат од остеоартритис.