Пожари во Грција: На Крит горат шуми, туристите безбедни

0
315

Пожарот го погодил подрачјето меѓу Атина и Коринт, каде пожарот од боровите шуми се проширил кон исток и запалил неколку куќи.

На поширокото подрачје на градот Хани, на Крит, по високите температури избил пожар кој зафатил посеви со маслинки и шумски растенија.

Огнот избил на рурално подрачје, во близина на автопатот Хани-Ретимно. Пожарните служби се на терен, полицијата го пренасочува сообраќајот од тој регион, а ангажирани биле и два хеликоптери.

Поради силните ветрови во ова подрачје, но и високите температури кои се движат околу 42 степени Целзиусови, гасењето на пожарите моментално е отежнато.

Иако чадот кој се извива над подрачјето зафатено од пожарите е видлив од околните плажи, туристите не се загрозени.

Во издвоен инцидент, во пожарот кој избил рано наутро во центарот на Хани, изгорел цел Грчки воен музеј.

Пожарните служби неколку часа се бореле со огнената стихија, но и покрај тоа, внатрешноста на зградата, како и кровот кој во главно бил со дрвена конструкција, е целосно уништена.

Останал неоштетен само надворешниот дел од зградата. Полицијата и пожарникарите ја истражуваат причината за пожарот.

Пожари околу Атина

Пожарот го погодил подрачјето меѓу Атина и Коринт, каде пожарот од боровите шуми се проширил кон исток и запалил неколку куќи.

На гасењето на овој пожар биле ангажирани пет авиони и два хеликоптери, а бројни жители се борат против пожарите со помош на градинарски црева.

Силните ветрови и на ова подрачје засега го отежнуваат гасењето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here