Користете Сигнал наместо WhatsApp: Повик на најбогатиот на планетата Илон Маск

499

Најбогатиот човек на светот бизнисменот Илон Маск повика луѓето да ја користат апликацијата за пораки „Сигнал“, откако WhatsApp ги принуди корисниците да се согласат на новите, како што ги нарекува контроверзни услови за користење.

Шефот на SpaceX и Tesla овој повик го објави на Твитер и напиша „Користете сигнал“.

Инаку апликацијата во сопственост на Фејсбук ќе ги принуди сите корисници да се согласат со новата политика до 8 февруари или во спротивно ќе го изгубат пристапот до нивните пораки и контакти.

Новите услови ќе значат дека приватните податоци собрани од WhatsApp, вклучително и IP-адресата и телефонскиот број на корисникот, ќе бидат споделени со Facebook.

Илон Маск го престигна по вредноста на богатството, извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, во четвртокот и стана најбогатата личност на светот.

Не е прв пат Маск да го критикува Фејсбук, нарекувајќи го гигант на социјалните медиуми.