Се очекува Германија да ја зголеми минималната плата – постојано се бараат работници од страна

932

Се очекува Германија да ја зголеми минималната плата следната година на 9,19 евра од час.

Нешто подоцна, во 2020 година, минималната плата би требало да изнесува 9,35 евра од час, што е планот на комисијата која ја именуваше владата во Берлин.

Преку тоа би се отворил патот за зголемување на личната потрошувачка во најголемата европска економија.

Владата на канцеларката Ангела Меркел, во 2015 година воведе минимална заработка на ниво на државата од 8,50 евра по час, и со тоа опфати повеќе од три милиони работници.

Последен пат овој износ е зголемен минатата година, кога исто така на препорака на комисијата, оваа сума е зголемена на сегашни 8,84 евра од час.

Се очекува владата да ја прифати новата препорака на стручната комисија.

Планот е и да се ангажираат дополнителни инспектори, со цел за проверка дали компаниите ја почитуваат одредбата за минимална плата.