Истражување: Научниците открија кој најмногу го пренесува коронавирусот

910

Повеќе од половина од случаите позитивни на коронавирусот се заразиле од асимптоматски случаи.

Новото истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болести покажало дека луѓето кои што немаат симптоми во повеќе од половина од случаите биле преносители на заразата.

Моделот врз основа на кој се добиени резултатите објавени биле на страницата „JAMA Network Open“. Според резултатите, се проценува дека 59 отсто од сите случаи на коронавирусот доаѓаат од оние кои што се асимптоматски.

Тој процент вклучува 35 отсто од оние кои се пресимптоматски, што значи дека на почетокот не покажуваат симптоми и дека во тој момент всушност и најмногу се пренесува вирусот.

„Резултатите на ова истражување сугерираат дека идентификацијата и изолацијата на луѓето со симптоматските случаи на коронавирус нема да контролираат континуирано ширење на овој тип вирус“, напишале истражувачите од „CDC“.

Како што истакнале тие, суштината на контролата на вирусот ќе биде „управувана“ од луѓето без симптоми.

„Суштината на контролата на пандемијата на коронавирусот бара контрола на преносот од луѓето без симптоми“, истакнал Џеј С. Батлер, заменик директор на „CDC“.