Го променил полот, сега е секси русокоса, а наскоро ќе се оствари и како родител

424

Леа Мембреј е 20-годишна девојка од Нов Зеланд, која е родена како момче. Таа уште од малечка знаела дека е “родена во погрешно тело”, а нејзините врсници постојано ја задевале на училиште.

Леа на 17 години одлучила да го промени полот, но пред тоа ја оставила својата сперма во банка за сперма. Мембреј неодамна дознала дека во иднина ќе може да има дете со половина од својата ДНК.

“Никогаш не знаев која сум навистина, ниту знаев нешто за трансродовите лица се додека не завршив средно училиште. Се сеќавам на една забава на која запознав преубава девојка која тогаш ми призна дека била родена како момче, што за мене беше апсолутен шок. Никогаш не верував дека трансродова жена може да изгледа толку прекрасно и тогаш ја добив идејата да го направам истото”, изјавила Леа.

Таа три години поминувала низ трансформации на своето тело, во кое досега вложила 5200 долари.