Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска рече дека владата донела уредба со кој се ограничува цената на моторниот бензин на 1,47 евра за 30 дена, додека цената на дизелот е ограничена на 1,46 евра.
Како што објасни, владата може да ги ограничи цените на нафтените деривати со цел да ги заштити потрошувачите и тоа и го прави, пренесува „Јутарњи лист“.
„Имајќи го предвид тековниот економски момент, непредвидливоста на цените на нафтата на светскиот пазар и влијанието на цените на горивата врз целокупната економска активност и животниот стандард на граѓаните, со цел непречено понатамошно економско закрепнување, Владата одлучи да ја искористи можноста за стабилизирање на цените на бензинот врз основа на Законот за пазар на нафта и нафтени деривати“, рече премиерот Пленковиќ.













![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)

















