– Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт – АД Скопје и во наредниот период остануваат посветени на изнаоѓање решение со цел да се овозможи меѓународен железнички сообраќај, порачуваат од Министерството како реакција на објавените информации за укинување на железничката линија Белград -Солун.
– Во изминатиот период, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт – АД Скопје, во неколку наврати иницира средби со релевантните владини институции и железнички компании од Србија и Грција, на кои се бараа алтернативни решенија за да не дојде до укинување на железничката линија Белград-Солун. На сите средби, од страна на Српските и Грчките железници беше потенцирано дека единствена причина за укинување на оваа линија е непостоење на економска исплатливост за нејзино оддржување, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Оттаму нагласуваат дека заедно со МЖ Транспорт – АД Скопје ниту имаат можност, ниту надлежност да влијаат врз деловната политика на националните железнички компании во Србија и Грција.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)




















