Снимката која го разбесни целиот свет: Татко бега и ја остава ќерката на милоста на питбулот

571

Сопственичката на опасното куче веднаш истрчала на улицата.

На социјалните мрежи кружи снимка од “храбар татко” кој побегнал од питбул и ја оставил својата ќерка на милост и немилост на животното. Иако кучето не направило ништо, спорниот момент во видеото е “подготвеноста” на овој татко да ја заштити својата ќерка од потенцијалната опасност.

Снимката која настанала во САД прикажува татко како со ќерката стои пред куќа на чија ограда јасно стои предупредувањето дека во дворот има опасно куче. Меѓутоа, таткото и натаму стои покрај капијата, несвесно предизвикувајќи го питбулот, кој со своето лаење ги предупредувал посетителите да се повлечат.

Бидејќи ни таткото, ни детето не се поместиле, кучето пронашло дупка на оградата и истрчало на улица. Тогаш уследила неверојатна сцена. Наместо да го спаси детето, таткото скокнал на кровот на паркираниот автомобил, а на ќерката и велел да бега, додека девојчето преплашено викало и стоело на улицата.

За среќа, сопственичката на питбулот веднаш излегла надвор и го вратила своето куче во дворот.

Не е познато каде и кога точно настанало ова видео, но привлекло големо внимание од корисниците на социјалните мрежи.

“Со овој човек нешто не е во ред. Како може така да го остави детето”, се ределе коментари.

Друг корисник тврди дека кучето не сакало да го нападне девојчето, бидејќи се гледа како целото време мавта со опашката.

“Тоа што е питбул, не значи дека е крволочен. Во овој случај тоа било среќната околност”, напишал друг корисник.