Месечината ‘рѓосува, а научниците веројатно биле збунети од тој заклучок како и вие. Имено, ‘рѓата на Месечината не треба да биде можна бидејќи таму нема кислород, што е една од двете работи што ја предизвикувааткорозијата. Другото е вода.
Но, постојат докази за тоа. Индиското лунарно летало „Чандрајан-1“ кружеше околу Месечината во 2008 година и собра податоци што до денес придонеле за многу откритија, вклучувајќи го и постоењето на молекули на вода на нејзината површина. Сондата исто така беше опремена со инструмент произведен од НАСА со цел да се анализира минералниот состав на Месечината.
Истражувачите и научниците од НАСА од Хавајскиот институт за геофизика и планетарни науки неодамна анализирале уште некои податоци и се изненадиле кога откриле траги од хематит, форма на железен оксид или ‘рѓа, тврдат извори за „Си-Ен-Ен“. На Месечината има многу карпи богати со железо, но ‘рѓа се формира само кога железото е изложено на кислород и вода.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















