Симона Попоска деновиве го снимаше видеото за темата “Ти си моја победа” која е комплетно авторско дело на хит-мејкерот Роберт Билбилов. Рефренот веќе е пуштен во радискиот етер, а официјалната промоција на спотот ќе биде за десетина дена.
Инаку, оваа песна пејачката ја посветува на својот сопруг Крис со кого се венча пред неколку месеци, а освен што и цветаат рози на приватен план може да се пофали и со професионални успеси со оглед на фактот што неодамна дипломираше на Медицинскиот факултет во Скопје, а веќе работи и како докторка во еден познат приватен центар за разубавување и подмладување.

Последно нешто, пак, што слушнавме на музички план беше баладата “Сама”, а тука се и редовните настапи со Ерик Фокс со кого заедно го сочинуваат дуото “Саунд Месинџерс”.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












