Владимир Четкар: Имам најголема трема кога настапувам пред домашната публика!

760

Најдобриот домашен џез музичар со светска кариера, Владимир Четкар, задолжително секоја година јули и август ги минува во родниот Охрид. Така беше и ова лето, а времето поминато во грутката го искористи и за да одржи неколку концерти на отворено кои привлекоа големо внимание. Последен во низата беше спектаклот во хотелот “Филип” кој се случи овој викенд, а го носеше името “Вино и џез”.

“Најголема трема имам кога настапувам пред домашната публика”, рече Четкар и откри дека токму деновиве во Охрид ги снимил и кадрите за видеото за синглот “Come with me” кој ќе биде најава за новиот студиски албум кој би требало да биде промовиран наскоро.

Снимањето на спотот се одвиваше под режисерската палка на Борче Димоски и крајниот резултат публиката ќе има можност да го види наскоро”, додаде Владимир.

Убавините на Охридскиот регион се прикажани и во последното видео на Четкар за темата „Travel The World” , кое џез-музичарот го објави во октомври минатата година.