Мечот помеѓу Оклахома Сити Тандер и Њу Орлеан Пеликанс го одбележа една од најлудите завршници кој се паметат.
Откако Шеј Гилгес-Александер погоди тројка од преку девет метри за израмнување на резултатот, на само 1.4 секунди до крајот следуваше шок. Девонте Грем испрати “метеор” од својата половина, и погоди победнички шут од неверојатна далечина. Гостите победија со 113-110.
Лидер кај победникот беше Брендон Инграм со 34 поени, следен од Јонас Валанчиунас со 17. На спротивната страна, Шеј Гилгес-Александер постигна 33 поени, недоволно за зачувување на домашниот терен. Победоносниот шут мора да се види за да се поверува.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















