Го штитат црниот дроб и го забрзуваат метаболизмот: Киселите краставички се моќни чувари на здравјето!

0
72

Дознајте кои се здравствените придобивки на киселите краставички

Не постојат многу луѓе што не обожаваат кисели краставички, па затоа тие редовно се наоѓаат на нашето мени.

Киселите краставички содржат голема количина на вода, протеини, многу малку маснотии и многу прехранбени влакна.

Покрај тоа, тие се богат извор на минерали, како што се калиум, натриум и фосфор. Содржат и витамини, како витамин Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, нијацин и тијамин.

Во продолжение, прочитајте кои се здравствените придобивки на киселите краставички…

  • Тие се силен антиоксиданс. Го штитат телото од слободните радикали, нестабилните хемикалии што ги оштетуваат клетките во нашиот организам.
  • Тие се одлични пробиотици. Ја балансираат дигестијата и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучни за здравата дигестија.
  • Го штитат црниот дроб. Освен што ја подобруваат дигестијата, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од организмот.
  • Ја спречуваат појавата на чир на желудник. Чирот е внатрешна рана на желудникот, односно оштетување на мембраната предизвикано од киселини. Киселите краставички го штитат желудникот и го спречуваат настанувањето на чирови.
  • Помагаат за дијабетес. Едно истражување покажало дека киселите краставички ја стабилизираат количината на хемоглобин – протеините во црвените крвни зрнца кои пренесуваат кислород. Киселоста на краставичките помагаат за контрола на дијабетесот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here