Декември ни е пред самиот праг, а временските услови се повеќе се влошуваат па во исчекување сме и на првиот снег оваа година. Познатата метео апликација Accuweather со детална прогноза за наредниот месец и почетокот на наредната 2019 година.
И метеорологот Славчо Попоски излезе со своја метео анализа за оваа недела.
Почнувајќи од утре (среда) од североисток кон нашата територија ќе се спушта студен воздух кој ќе услови голем пад на температурите на воздухот (за околу 10 степени), сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец.
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи со послаб интензитет и утре ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, снежната граница ќе се спушта особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток па така локални послаби врнежи од снег ќе има и на пониските места.
Особено на повисоките места и на планините се очекува да се формира и снежна покривка, тенка снежна покривка можна е и во некои од населените места.
Температурите на воздухот многу ќе опаднат и настудено ќе биде во четврток кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од -2 до 7 степени, во петок наутро ќе биде многу студено со минимални температури насекаде минусни и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)

















