Бројот на жртви во катастрофалните пожари кои минатата недела ја зафатиле северна Калифорнија, пораснал на 63, додека 630 луѓе се водат како исчезнати, рекол шерифот на округот Бут, Кори Хони.
Во најпогубниот пожар во историјата на Калифорнија најтешко страдал градот Парадајс со 23.000 жители, кои се наоѓа на околу 280 километри северно од Сан Франциско.
На интернет биле објавени снимки од воздух на кои се гледа дека градот е изгорен речиси до темел.
Како што било претходно објавено, повеќе од 8.900 куќи и други градежни објекти изгореле до темел во Парадајс и неговата околина, додека за околу 50.000 луѓе во таа област и натаму на сила е налог за евакуација.
Огнената стихија продолжува да беснее во Калифорнија, каде властите се обидуваат да пронајдат околу 630 лица, кои и натаму се водат како исчезнати.











![[ВИДЕО] Акција во Инџиково од 5 часот наутро: Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/AjPAL-divogradba-indzikovo-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Руски генерал убиен во Москва](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/3W5xK-moskva-1-logo-federalna-sluzba-za-bezbednost-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Украинците погодиле танкер во руски град: Има загинати](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/mWes0-138df032-8c52-4d59-a721-5c23273e570f-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)
















