Се менуваат цените на горивата, Регулаторна го објави новиот ценовник

595

на дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 69 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 71 денар за литар.

Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61 денар за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50,50 денари за литар.

Цените на нафтата во пад

Цените на суровата нафта во петокот се намалени поради загриженоста околу состојбата на глобалните прогресии и зголемените тензии на Блискиот исток.

Во Лондон цената на суровата нафта брент од Севернoто море е помала за 0,1 проценти и сега изнесува 63,25 долари по барел.

Во Њујорк, цената на светлата сурова нафта е помала за 1,1 проценти и моментално изнесува 56,72 долари по барел.

Аналитичарите истакнуваат дека цените на нафтата се под притисок поради стравувањата за иднината поради трговските спорови што го загрозуваат глобалниот економски раст.

loading...