Антониа Гиговска првпат пред камери се појави со момчето, па откри детали за нивната прва средба

962

Јованов од „Либеро бенд“.

Антониа неодамна пред камерите на „Бекстејџ“ потврди дека е заедно со Иван.

Деновиве Гиговска беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска каде што зборуваше за својот професионален и приватен живот. Првпат пред камерите Антониа се појави и заедно со момчето, кое откри каква е Антониа кога ќе се заљуби.

„Антониа кога е заљубена е заљубена. Антониа секогаш е многу ведра, насмеана. Секогаш ја сакала храната, ме почитувала, јас ја почитвам неа“ изјави Иван. На прашањето што би сменил кај Антониа, Иван одговори:

 

„Да не јаде многу макарони“ вели Иван.

Инаку, Гиговска откри дека момчето ја освоила со неговата добрина, а потоа откри како изгледала нивната прва средба.

„Ние се знаеме одамна колегијално. Ниту се дружевме, ниту помислав на тоа во ниту еден момент. Се видовме на свадба, јас ја отворав свадбата, ја пеев првата песна, тие свиреа…Оттогаш започна се“ открива Гиговска во „Живот со стил“. Гиговска неколку пати досега истакна дека Иван и е најголема поддршка кога станува збор за музиката. За потсетување, Гиговска неодамна беше дел од „Пинкови ѕвездички – all stars“ каде што се пласираше во суперфиналето. Иако Антониа не победи, сепак со своите изведби го воодушеви жирито.