Руски „њет“ за САД и ЕУ: Москва го забрани купувањето на патнички авиони од Западот

173

Руската влада во текот на минатиот месец одби да ѝ издаде дозвола на авиокомпанијата „Победа“ за набавка на 30 авиони на „Боинг“.

Истовремено, моделот A220-300 на Airbus не го доби неопходниот сертификат за летови во Русија. Оваа одлука директно влијаеше на стопирањето на планот на компанијата „Ред Вингс“ за набавка на шест вакви авиони.

Кон средината на март, од владата од Москва ѝ сугерираа на авиокомпанијата „Победа“, наместо да ги купи американските „Боинг“ авиони, да размисли за опцијата за набавка на домашниот “MC-21” авион кој моментално се тестира, а во употреба ќе биде пуштен во 2021-ва година.

Овие информации кои ги пренесоа руските медиуми негативно одекнаа во јавноста, но тоа не влијаеше на одлуката на руската влада која неубедливо се обиде да негира дека на било кој начин се меша во плановите на руските авиокомпании. Инаку „Победа“ доби согласност да набави 20 нови „Боинг 737 Макс“ модели чија испорака треба да започне во 2021-ва година, а во меѓувреме од компанијата најавија дека ќе порачаат дополнителни 30 авиони.

Јуриј Борисов, заменик премиер задолжен за руската воена индустрија, која ги покрива и производителите на авиони, изјави дека руската влада секогаш управува со идејата да го заштити домашното производство и во секој случај авиокомпаниите треба да ја разгледаат можноста за набавка на руски патнички авиони.

loading...