Масовни апсења во Америка поради лажните бракови: Плаќале од 50 до 70 илјади долари за измама на имиграциските служби

141

Американските власти привеле 50 лица осомничени за врска со раширена шема за склопување на лажни бракови, чија што цел била заобиколување на имиграциските закони.

Во обвинението е наведено дека измамите се изведувани ширум американската сојузна држава Тексас, а во тоа учествувале локални жители и државјани на Виетнам.

Како што пренесуваат американските медиуми, државјаните на Виетнам, со цел стекнување на статус на постојан престој во САД, плаќале од 50 до 70 илјади долари на организација која ја водела Ешли Јен Нгијен.

Откако ќе ги уплателе средствата, било организирано нивно поврзување со државјани на Соединетите Американски Држави кои ги одредувала „организацијата“ и на кои им бил исплаќан дел од уплатените пари.

Обвинението опфаќа вкупно 96 лица кои се осомничени за измама и склопување на лажните бракови, за измама на имиграционите власти, лажење под заклетва и влијание врз сведоци.

Американските власти откриваат дека со цел да им биде даден поголем легитимитет на измилените бракови помеѓу виетнамските и американските државјани, организаторите обезбедувале фотографски албуми со лажни фотографии од измислената венчавка, лажни даночни документи, животни трошоци и податоци за вработување.

Обвинителите тврдат дека лажните бракови биле заедници на сопружници кои никогаш не живееле заедно, ниту пак имале намера за такво нешто. Сите се запознале непосредно пред да ја поднесат молбата за стапување во брак.

loading...