Меланија Трамп “распали” по најмоќната жена во модната индустрија: “Ова покажува колку Ана Винтур е несигурна”

748

Откако Ана Винтур во интервју за CNN дискретно изјавила дека актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп никогаш повеќе нема да се појави на насловната страница на Вог, гласноговорничката на Меланија “распали” по најмоќната жена во модната индустрија.

Винтур за CNN кажала дека Вог не е непристрасен и дека тој е склон кон демократската струја, а сите кои го гледале интервјуто сфатиле дека Винтур нема да ја повика Меланија за фотосесија за насловна страница на магазинот. Иако директно не ѝ се обрати, Меланија одлучила да изреагира така што нејзината гласноговорничка објавила соопштение во кое ја навредила уредничката на магазинот.

“Насловната страница на модниот магазин Вог не ја дефинира госпоѓата Трамп со оглед на тоа дека претходно се појавувала на тој магазин. Нејзината улога на прва дама на САД и сè што е составен дел од неа е многу поважно од некоја површна фотографија и покриеност. Ова само дополнително покажува колку индустријата на модните магазини е пристрасна и покажува колку Ана Винтур е несигурна”, стои во соопштението.

Меланија Трамп на насловната страница на Вог се најде пред венчавката со Доналд во 2005 година. Нејзиното покажување на венчаницата пред венчавката тогаш многумина го нарекле врв на невкус.