Роналдо откри кој е играчот кој најмногу сака да го гледа на телевизија и од трибините: Нема да има таков уште 30 години!

719

Легендарниот бразилски фудбалски „Феномен“ Роналдо беше играч кој уживаше да го гледаат сите искрени љубители на фудбалот, бидејќи неповторливиот напаѓач буквално ги засенуваше сите останати на теренот со својот богат репертоар на дриблинзи и луцидни потези пред противничкиот гол.

Популарниот „Ил Феномено“ ќе отане запаметен како најталентираниот напаѓач кој некогаш се појавил во фудбалот, а неговата големина од фудбалскиот терен има уште посуптилно значење бидејќи ги цени сите останати кои придонесоа многу за оваа игра во изминативе две децении. Роналдо во овој момент е претседател на Ваљадолид и секој викенд има можност во живо да ги следи случувањата во Примера од трибините, а во последното интервју кое го направи за „АС“ даде една интересна изјава со која јасно стави до знаење кој е неговито фаворит во светскиот фудбал.

– Кој е играчот кој сакам да го гледам пред телевизиорот и од вип ложата? Тоа е Меси, без никаков сомнеж. Тој е број еден, тоа е талент каков нема да видиме уште најмалку 20 или 30 години. Не верувам дека ќе видиме нешто слично. Покрај него, во последно време сакам да ги гледам Салах, Азар, Нејмар и секако Мбапе, – нагласува Роналдо.