Контроверзна, шокантна, грешна како ѓаволица или чиста како ангел, како и да ја доживувате, мора да признаете дека некогашната македонска ТВ водителка и трендсетерка Мелита е секогаш своја.

Постојано интересна за медиумите, 24/7 закачена на социјалните мрежи, речиси секој поинтересен детал од својот живот го споделува со јавноста… Па дури и дел од својата приватност која не е за споделување, ама… Тоа е Мелита, таква каква што е, патем да не заборавиме – таа е мајка на 15 годишна ќерка. „Фала многу, пријатно“ – што би рекла самата.

А, токму таа, нејзината ќерка, нејзината „принцеза“ Барбара деновиве го славеше 15-иот роденден. Кој би бил посреќен од мајка кога гледа како нејзината наследничка полека се претвора во девојка, госпоѓицата во идна дама…

„Ова е најважниот ден во мојот живот. Ја родив Барбара. Господ ми подари посебно дете. И го молам да ја чува од зло. Таа е мојата душа, моето се’. Среќен 15ти роденден љубов моја. Никој и ништо не е во мојот живот освен ти. Те сакам толку колку што не можеш ни да замислиш“ – напишал Мелита покрај видеото на кое нејзината Барбара ги покажува не само својата убавина, туку и сиот свој вокален потенцијал и талент, со својата одлична изведба еден од светските хитови.
А кога „принцезата“ е среќна и слави роденден, тогаш „госпожа ѓавол“ е во рајот!

Имено, сексапилната „ѓаволица“ ги отвори картите до крај, па го отвори и мобилниот телефон и покажа како нагалено на прекар нејзината Барбара ја запишала мама Мелита во именикот на својот мобилен.

А Мелита…? Битни и се само оние на кои им значи. Тие што сакаат да ја гледаат насмеана.

Животот никому не е му е лесен, но кога си позитивен и опкружен со луѓе кои вредат, се’ е преубаво! Така вели и самата, така и живее… по свое!





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












