Серхио Родригез се врати во Реал Мадрид.
Двократниот евролигашки шампион, повторно ќе го облече дресот на “кралскиот клуб” по шест годишна пауза. 36-годишниот ветеран кариерата ја започна 2003-та година, во дресот на Естудиантес по што следуваше преселба во NBA лигата. Во период од 4 години настапуваше за Портланд, Њу Јорк и Сакраменто.
Во Реал Мадрид за прв пат настапи во 2010 година и се задржа се до 2016 година. Во овој период популарниот “Чачо” освои еден куп трофеи, беше стандарден репрезентативец и претставуваше вистински љубимец на навивачите. Во 2017 година се приклучи на Филаделфија 76ерс пред да се врати на “стариот континент” во дресот на ЦСКА Москва во сезоната 2018/2019. Последните три сезони ги мина како прв плејмејкер во тимот на Олимпија Милано.
Искусниот бек потпиша едногодишен договор, на огромна радост на сите “мадридисти”. Официјалната промоција се очекува пред почетокот на месец Август 2022.
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











