Од Управата за извршување на санкции реагираа преку соопштение откако се појавија информации дека познатиот бизнисмен Орце Камчев добива нехуман третман и тортура.
„Управата за извршување на санкции најкатегорично ги демантира информациите за наводен нехуман третман, тортура, понижувачки услови и загрозување на здравјето на притвореникот Орце Камчев. Притвореното лице е сместено само, а досега врз него се направени вкупно шест медицински прегледи, од кои еднаш била повика и Брзата помош“, стои во реакцијата.
Од Управата нагласија дека на 21-ви март Орце Камчев бил однесен на кардиолошки преглед каде што било констатирано дека нема никакви медицински проблеми. Управата демантираше дека постои нехуман третман, тортура, понижувачки услови и загрозување на здравјето на Камчев.
Да потсетиме, на Орце Камчев на 14-ти март му беше одреден 30-дневен притвор откако од Агенцијата за јавна безбедност доставиле информација до Обвинителството дека тој се подготвува за бегство.
Камчев е осомничен во случаите „Империја“ и „Плацеви на Водно“.