И вакцината на „Фајзер“ и другата, преку ковакс-механизмот, чии производител останува непознат, во Македонија ќе стигнат наредниот месец, уверуваат здравствените власти.
Според министерот Филипче, план за имунизација има, па први вакцина ќе примат здравствените работници во ковид-центрите. Ако се достапни неколку вакцини од различен производител граѓаните нема да можат да бираат, туку ќе ја примат онаа што ќе им се падне.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сите вакцини што ќе бидат достапни во Македонија имаат потврда дека се безбедни.
Дека „Ковакс“ нема да извиси, уверува шефицата на канцеларијата на СЗО во земјава, која додава оти овој механизам е функционален, а производството на поголема количина на вакцина што веќе е започнато, не е лесен процес.
Во исчекување на вакцината, во земјава има стабилизација на епидемиолошката состојба, иако засега не е детектирана британската мутација на вирусот, сепак поради страв од нов пик на заразата, здравствените власти нема да ги разлабават мерките. Забраните за собири на отворено остануваат на сила, а единствено, од следниот четврток, кафеаните наместо до 18.00 ќе можат да работат до 21 часот.
Во последниот период поради пад на кривата на заразени има помал притисок врз болниците. Поради ова, како што најави министерот Филипче, дел од интерните клиники повеќе нема да бидат ковид одделенија, туку од наредната недела ќе бидат целосно вратени во функција.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











