Против кандидатот на Доналд Трамп, Џо Бајден 1979 година имал средба со Тито на која разговарале повеќе од два часа за иднината на Југославија!

503

Аналитичарите и американската јавност како најголемите недостатоци и слабости на демократскиот кандидат Џо Бајден ги истакнуваат неговата возраст и долготрајното присуство во политичкиот естаблишмент.

Доколку биде избран во Белата куќа, тој ќе биде најстариот американски претседател во историјата, кој на 78 годишна возраст е избран на таа функција во неговиот прв мандат.

Како доказ за неговата старост и претерана долговечност во американската политика сега се посочува фактот дека Бајден е толку долго во политиката што на времето имал средба и со поранешниот Претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Како сенатор од Делавер, сегашниот ривал на Трамп беше член на делегацијата на поранешниот американски претседател Џими Картер, предводена од познатиот дипломат Аверел Хариман, која 1979 година пристигна во тогашна СФРЈ на погребот на најблискиот соработник на Тито и идеологот на југословенскиот самоуправен социјализам, Едвард Кардељ.

Во таа прилика, Бајден успеа да го запознае Тито и заедно со Аверел Хариман разговараше со Маршалот околу два часа. Тито и Хариман разговараа за Втората светска војна и разменија мислења за комунизмот и Сталин, раскажуваше подоцна за таа средба Бајден. Тито и Хариман беа стари пријатели и само одвреме навреме Аверел ќе ми се обратеше мене со зборовите: Џо кажи му на Претседателот што мислат младите за ова што го разговараме.

Аверел Хариман припаѓаше на групата “мудреци” како ги нарекуваа во САД. Тие ја креираа надворешната политика на САД по Втората Светска Војна. Во тој период Хариман е амбсадор на Америка во Лондон и во Москва.

Инаку во мандатот кога е Потпретседател на САД, Џо Бајден беше задолжен за Балканот. Се уште се раскажува за неговата средба во 2011 година со Никола Груевски во Белата куќа кога политичките процеси во Македонија добија друг правец.