Протече последниот разговор на Сала со семејството: Не сакам да одам, уморен сум од се – зборував и со Меси

814

Утрово, благодаренеи на медиумите во Франција, во јавноста излезе разговори на трагично загинатиот Емилијано Сала чиј живот згасна по авионска несреќа на патот од Нант кон Кардиф.

Објавена е снимки од интимни разговори на Аргентинецот со семејството, а наводно истата датира две седмици пред кобниот лет.

На истата може да се слушне како е жали дека не сака да игра во Кардиф, но сопственикот на Нант инсистирал затоа што понудата била добра.

„Од Нант сакаат да си одам затоа што понудата од Кардиф била навистина добра. И за мене договорот е добар, но од спортски аспект нема ништо. Затоа не сакам да одам. Разговарав и со Меси околу можноста да пронајдам подобра фудбалска средина, иако не се плашам да одам и да играм во Кардиф. Но, искрено сум уморен од се, немам едноставно сила да се борам со претседателот на Нант“ вели Сала и додава:

„Тој едноставно не ме поднесува и сака да ме продаде по секоја цена. Не сака ни да разговара со мене, но кажа дека понудата била добра и дека ќе ме продаде во Кардиф затоа што нуделе големи пари. Тој е човек кого ништо не го интересира освен парите. Тешко ми е. Како на никого да не му е грижа за мене. Не знам што да правам“.