Викенд Хороскоп (17-18.04.2021)

226

Овен (21.03 – 20.04)

Со пријателите ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Слабата точка на организмот е стомакот. Не е ништо алармантно, но сепак внимавајте што јадете.

Бик (21.04 – 21.05)

Викендот пред вас нема да ви донесе некои особени новини во вашиот живот. Ќе морате главно сами вашето слободно време да го направите што поинтересно. Сега е момент да ги искористите вашите фантазии и креативност. Со голем труд и напор ќе успеете да го сочувате мирот во рамките на вашата љубовна врска.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Настаните овој викенд нема да се движат во посакуваниот правец, но сепак вие ќе умеете добро да се снаоѓате во различните услови на работен план. Ќе умеете да го наметнете своето мислење и да си создадете свои услови. Вашиот партнер често го менува своето мислење и на тој начин кај вас предизвикува нервоза.

Рак (22.06 – 22.07)

Ова е за вас викенд без многу динамика како на деловен така и на емотивен план. Новите деловни договори својата реализација ќе мора да ја причекаат, но тоа нека не ве загрижува, ќе имате време уште еднаш за се добро да размислите. Не навлегувајте во кавгите и дебатите во вашето деловно опкружување.

Лав (23.07 – 22.08)

Овој викенд со себе носи позитивни влијанија, а особено интересно ќе биде што ќе ви се отворат нови можности на љубовен план. Сакате да имате возбудлив живот, а воопшто не го загледувате лицето во вашата непосредна средина, кое е подготвено да ви го понуди тоа. На деловен план ве очекува реализација на една ваша поранешна идеја.

Девица (23.08 – 22.09)

Овој викенд без да почувствувате, можно е да навлезете во чувствителен аспект од животот на блиска личност. Тоа може да биде причина за нарушување на хармоничните односи. Понекогаш молчењето е злато, па верувајте и на интуицијата кога ви кажува дека треба да го сопрете зборувањето.

Вага (23.09 – 22.10)

Не сомневајте се во себе, навистина блескате. Партнерот е заслужен за тоа што се чувствувате добро. Доколку сте осамени, потрудете се и во тоа да уживате. Многу од припадниците на овој знак ќе бидат изложени на погледи од јавноста.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендов ќе ги инспирирате луѓето со вашата самодоверба и увереноста во она што го зборувате. Вечерното излегување ќе донесе во вашиот живот исклучително интересна личност која несебично ќе дели насмевки. Уживајте во нејзино друштво.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви недостасува самоувереност за оние работи кои многу ви се важни. Обидете се да ги сокриете сопствените слабости и тоа со бегање во самотија. Можеби таа на момент ќе ви помогне да се позанимавате со некои работи кои смируваат и ви го враќаат вниманието.

Јарец (22.12 – 20.01)

Виталноста и волјата за работа ќе ви бидат со променлив карактер. Иако се чувствувате полни со енергија, не ќе можете да најдете начин таа енергија практично да ја искористите. Тоа може да ве доведе до засилена нервоза на работното место. И на емотивен план состојбата е променлива.

Водолија (21.01 – 19.02)

Иако ќе мислите дека многубројните разговори за вас се многу важни, тие можат само да ве вознемират и да ви направат нестабилни ситуации кои можат лошо да делуваат на вашите одлуки. Обидете се да ги задржите добрите односи и бидете воздржани во изразувањето на сопствените мислења.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.